fbpx

Светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот

-

Шест милиони Евреи беа систематски убиени од нацистите во текот на Втората светска војна, а заедно со нив и други етнички групи беа исто така цел на нацистите поради перцепираната расна и биолошка инфериорност, вклучувајќи ги Ромите, инвалидите, хомосексуалците и советските воени затвореници.

27 Јануари е Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот, којшто како датум е избран затоа што го одбележува денот во 1945 година, кога најголемиот концентрационен логор на смртта во нацистичка Германија – Аушвиц беше ослободен од советските сили и беа откриени ужасите кои ги спроведувале нацистите во него.

По тој повод, во земјава денеска беше отворена специјалната изложба посветена на групата Ладош, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје. На отворањето на изложбата денеска присуствуваа министри, претставници на дипломатскиот кор и на верските заедници во земјава.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби потенцира дека не смееме во ниту еден момент да заборавиме на одговорноста што ја имаме, да се потсетиме на минатото и да ги учиме и да ги освестиме нашите деца да бидат мирољубиви, да ги почитуваат меѓусебните културни вредности и да не дозволиме предрасудите да ни ги затемнуваат нашите животни погледи.

„Тоа што им се случи на Евреите никогаш повеќе не смее да се повтори! Ние, како политички партии, медиуми, граѓанско општество, секој ден мора да имаме единствена мисија: мир и напредок. Мирот и напредокот не можат да се постигнат со војна, со омраза, со деструктивни идеи што го заматуваат човечкиот разум, со тесноградни интереси, рече Груби.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

„На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција. Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат“, порача Ковачевски.

Ковачевски додаде дека нашата цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Република Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...