69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера во 14 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од тераса на својата куќа на ул. „Питу Гули“ пукал од воздушна пушка кон неколку деца кои береле цреши од цреша во неговиот двор. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“, информира МВР.