Свеченото отворање на реновираниот Албански театар сé уште чека технички прием

-

Свеченото отворање на Албанскиот театар во Скопје уште од ноември 2019, е сé уште во постапка на технички прием, што подразбира давање дозвола за пуштање во употреба на објектот од страна на Министерството за транспорт и врски. Забелешките на комисијата на министерството, театарот ги разгледува во соработка со градежната компанија, известува „Порталб.мк“.

Помина и јануари, а љубителите на уметноста ја немаа можноста да уживаат во претставите на Албанскиот театар во Скопје. Според портпаролката, Анита Љатифи, оваа постапка треба да заврши за неколку дена, но не прецизираше конкретен датум.

„Комисијата од Министерството за транспорт и врски во јануари изврши техничка контрола и оценување на реализираната работа. Ситните забелешки кои ги даде оваа комисија ги разгледуваме во соработка со градежната компанија. Прашање на денови е целосното заокружување на постапката на техничкиот прием,“ изјави Љатифи за „Порталб.мк“.

Таа исто така додаде дека во репертоарот на театарот има три премиери кои ќе бидат прикажани за јавноста „Брегот на тагата“ од Теки Дервиши, режија Алтин Баша, „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада, режија Кристина Димитрова, „Балкан Балкон“ од Жан Жене во режија на Бен Кумбаро.

Албанскиот театар во Скопје веќе шест години се реновира, а пуштањето во употреба постојано се одлагаше. Меѓутоа, ова не го спречи одржувањето на претстави, кои беа реализирани еднаш во Детскиот театарски центар, а еднаш во Театарот на комедијата, каде просечно достигнувале до три претстави во текот на една година. Последната претстава беше реализирана на крајот од април.

Реновирањето на Албанскиот театар во Скопје често пати се користеше и од партиите како „извор“ на политички поени, но ниту една од нив, во нивните изборни програми, не откри ниту еден конкретен чекор за оваа и другите значајни културни институции.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...