Денеска во 11.30 часот, член на Судскиот совет и двајца заменици на народниот правобранител ќе дадат свечена изјава во Собранието, информираат од прес-службата на законодавниот дом.

Свечени изјави ќе дадат Владе Богданоски, член на Судски совет на Република Македонија, како и Сузана Салиу и Јован Андоновски, новоизбраните заменици на народниот правобранител.