fbpx

Сузбиена криминална група за продажба на дрога во Прилеп, вмешани и полициски службеници

-

Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на 16 локации во Прилеп, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на хероин, кокаин марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп. Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија,“ информираат од МВР.

Портпаролот на МВР, Ангеловски рече дека лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34).

„Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога,“ соопшти Ангеловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...