„Сaпорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани. 

фото: Сапорт Кочани фејсбук објава

Денеска граѓанската иницијатива „Сaпорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на лузни. Лепенките ги донираа граѓани од Словенија и една словенечка фирма, а транспортот го овозможил компанијата Белдона ММС.

„Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош“, истакнуваат од иницијативата.

Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани.

Дополнително, „Супорт Кочани“ очекува нови пратки со медицински материјали и од други земји, каде македонски иселеници се вклучуваат со поддршка.