Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со претставници на Македонско-турската Стопанска комора -МАТТО, во рамките на која разговарале за инфраструктурните проекти во државата и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација.

„Министерот Сугарески пред присутните ја образложи инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повика стопанствениците да земат активно учество во изградба на капиталните објекти во земјата.Тој го потенцираше планот на Владата и Министерството за транспорт и врски за изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа како и изгрaдба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија“, соопштуваат од Министерството.

На средбата се разговарало и за новиот Закон за урбанистичко планирање и новите решенија во Законот за градење, а Сугарески ги повикал да се вклучат со свои забелешки за да се изготват квалитетни закони кои ќе имаат функционална примена во пракса.