Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски и градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски, извршија увид во изградба на пристапните патишта и водовод што се гради за потребите на ТИРЗ- Прилеп.

Со проектот предвидено е изградба на клучка на две нивоа која ќе овозможи едноставно и безбедносно вклучување и исклучување на магистралниот пат Прилеп – Битола. Вкупната должина на пристапните патишта до зоната е околу 2,8 километри или вкупната инвестиција е од околу четири милиони евра.

„Овој проект е од огромно значење за ТИРЗ-Прилеп заради обезбедување на соодветни услови за сегашните и идни инвеститори во зоната, се со цел да им се овозможи брз и навремен траспорт на нивните производи“, рече Сугарески.

На новинарски прашања во однос на капиталните инвестиции, министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции на министерството за транспорт и врски се во висина од 55 проценти, додека значително зголемување се очекува во третиот и четвртиот квартал годинава.