Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на градежните работи на изградбата на патот Тетово – Попова Шапка.
Тој додаде дека добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар а овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти.
Сугарески очекува догодина, најпрво институциите да се приклучат на гасоводот, а потоа домаќинствата во Тетово.
Инаку, денеска претпријатието „Македонски енергетски ресурси“ распиша тендер за испитување прв технички преглед пред ставање во употреба на магистрален гасовод за делница Неготино (Кавадарци) – Битола.