Сите експропријации и службени процедури се комплетно завршени и гасодовот напредува со силна динамика, а наредната година веќе може и општините да се приклучат, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Теарце, каде заедно со општината се работи на реконструкција на секундарна водоводна мрежа.
„Извонредната динамика на реализација, за која очекуваме краците преку Тетово до Гостивар и кракот од Неготино преку Прилеп и Битола целосно да бидат завршени, со цел општините да можат да се приклучат на тој магистрален гасовод во текот на наредната година. Тоа е овозможено со оглед дека експропријациите и останатите службености се решени“, рече Сугарески.
Според Сугарески до крајот на годината ќе се зголеми процентот на реализација на проектите кои Министерството за транспорт и врски ги прави, а сега изнесуваат 71 отсто.