Сугарески: Општините да подготват проекти за водоводи и канализации

-

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески очекува до крајот на годинава општините да ги завршат проектите со кои доцнат за изградба на водоводна и канализациска инфраструктура.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој изјави дека е жално што во 21 век се уште се зборува за изградба на водоводи и канализации за кои, како што вели, процентот на изградба е многу мал.

„Единствена алатка е да продолжат разговорите со општините за да го забрзаат процесот. Еден дел веќе почнаа да работат, но тоа не е баш мал процес, мора да помине време, проктот се одобрува во Министерството за транспорт и врски и во ЕИБ. Не се намалени дел од средствата за кои се шпекулираше во јавноста, туку се префрлени за наредната година. Тие пари не се допрени и ќе се користат во текот на наредната година. Очекувам до крај на годината да бидат донесени сите проекти“, изјави Сугарески кој денеска присуствуваше на стартот на градежните работи за канализација на улица Петричка во Маџир мало во Општина Центар.

Преку Министерството за транспорт и врски се реализираат 20 проекти за  комуналната инфраструктура, а уште 10 треба да почнат во наредниот период.

– За дел од проектите ќе бидат распишани тендери во наредниот период и очекуваме во октомври – ноември да почне изградбата на тие водоводи и канализациски системи. Ќе продолжиме со изградба, како од буџетот, така и со уште еден кредит од Европската инвестициска банка за конечно во наредните две години да ги решиме најголемиот дел од проблемите. Процентот на канализациски систем во изминатиот период беше многу низок и се посветувало многу малку време. Жално е што во 21 век уште разговараме за ова, но еднаш мора да се стави крај и да се решат овие елементарни проблеми – изјави Сугарески.

Немањето на проекти од страна на општините, беше причина планираните пари за таа намена од кредитот од Европската инвестициска банка да бидат префрлени за користење во наредната година со предложениот ребаланс на буџетот.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...