Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Вангеловски има право на жалба за одлуката.

Судскиот совет разреши уште двајца други судии, а Цветанка Периќ беше избрана за нов судија во Врховниот суд.

На местото на Вангеловски, за в. д. претседател на Врховниот суд е избран врховниот судија Фаик Арслани.