fbpx

Судот во Стразбур ќе решава по жалбата на Велија Рамковски

-

Aпликацијата на Велија Рамковски и на неговата ќерка Емел Рамковски, кои се жалеа на должината на притворот, на необразложените решенија и на нарушената пресумпција на невисност, e прифатена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, дознава БИРН.

Според информациите на БИРН, адвокат овластен од Рамковски и од неговата ќерка Емел, поднел апликација во судот во Стразбур, заведена под број 33566/11. Во неа се бара судот да констатира дека им се повредени правата на таткото и на ќерката Рамковски, уапсени и притворени во акцијата „Пајажина“.

Аргументите на Рамковски се дека биле држени во притвор без образложени причини во решенијата, а Кривичниот совет на скопскиот суд, продолжувајќи го притворот, сугерирал и вина, со што ја прекршил пресумпцијата на невиност.

Затоа, тие бараат Европскиот суд да констатира повреди според два члена од Конвенцијата: член 5, право на слобода, непостоење на причините за притвор, и член 6, право на фер судење, судот, разгледувајќи ја апликацијата, ја дозволил нејзината допуштеност и побарал Владата да се изјасни за случајот.

Како што дознава БИРН, Судот во Стразбур, на 3 јули 2014 испратил писмо до македонската влада, во кое бара одговори на властите за (не)законското постапување на судовите во случаите на: Бајруш Сејдију, Велија и Емел Рамковски и за уште неколку лица од случајот „Фаланга“.

– Јас бев во затвор, се видов со Велија Рамковски, му ја пренесов пораката од државата за спогодба, но тој ја одби. Решен е да чека повредите во неговиот случај да ги констатира судот во Стразбур со пресуда – потврди за БИРН, член на адвокатскиот тим на Рамковски, ангажиран да го застапува пред домашните судови.

Државата, исто така, потврди дека била контактирана од судот во Стразбур, потврдувајќи ја веродостојноста на документите со кои располага БИРН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...