Судот пресече: Немало ништо незаконско во претресот на СЈО кај Грујовски

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство против решението на судијката Александра Поп-Стефанија во врска со претресот на домот на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, осомничен, односно обвинет во случаите „Тврдина“ и Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Информацијата за одлуката на Кривичниот совет за „Мета“ ја потврдија и од Основниот суд Скопје 1. Оттаму велат дека со одлуката на Кривичниот совет, решението на Поп-Стефанија е укинато и предметот е вратен на повторно одлучување кај судија на претходна постапка.

Судијката на претходна постапка, Поп-Стефанија, претходно донесе решение со кое како незаконски го оцени претресот на СЈО во домот на Грујовски, со образложение дека во моментот на претресот поранешниот началник во УБК бил во притвор, односно не бил присутен во својот дом.

Инаку, претресот во домот на Грујовски беше извршен во рамките на истражната постапка „Тврдина“, во која тој е осомничен за уништување на двата системи од незаконското прислушување.

Во врска со претставките против судиите што ги попречуваат предистражните и истражните постапки на СЈО и кривичната пријава против судијката и в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова, што минатата недела ги најави специјалната обвинителка Катица Јанева, од СЈО велат дека тие сè уште се подготвуваат.

Засега нема одлука од Апелацискиот суд Скопје по жалбата на СЈО на одлуката на Михајлова за издвојување докази, односно дел од „бомбите“ и заштитениот сведок да не се користат како докази во судската постапка против поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој заедно со уште 13 лица е обвинет за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што следат во...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...
Galaxies Gaming Showcase Event скриншот од YouTube

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што...