fbpx

Судот по барање на СЈО денеска пак ќе одлучува за притворот на Кочан

-

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, и адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, утрово пристигнаа во Основниот суд Скопје 1, каде судија на претходна постапка повторно треба да одлучува по барањето на СЈО за притвор на бизнисменот Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“.

СЈО и одбраната на Кочан пред судијата на претходна постапка ќе ги соочат доказите и аргументите за тоа дали треба или не да му биде одреден притвор на Кочан.

Повторното одлучување на Кривичниот суд за притворот на Кочан следува откако во петокот минатата недела Врховниот суд, постапувајќи по барање за заштита на законитоста, доставено од Јавното обвинителство, реши да ги укине претходните одлуки на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје, од март оваа година, со кои на Кочан му беше одреден притвор и по него беше распишана потерница.

Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 1, а Кривичниот совет на овој суд завчера експресно ја спроведе пресудата и предметот го врати на почетокот, односно кај судија на претходна постапка.

Инаку, Сеад Кочан, по два месеци во бегство, се врати назад во земјава и, според информациите во медиумите, е хоспитализиран на Клиниката за кардиологија.

СЈО во предметот „Труст“ го сомничи Кочан дека во 2011 година на тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаловина доставил фалсификувани документи за наводна техничка и кадровска опременост на неговата компанија и на тој начин заедно со уште две фирми незаконски наплатил 17,2 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....