fbpx

Судот нема надлежност за тужбата на Ахмети и на Џафери, тврдат адвокатите на Богоевски

-

На денешното подготвително рочиште од судскиот процес по тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на неговиот партиски соработник, Муса Џафери, против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Слободан Богоевски, адвокатите на Богоевски ја оспорија надлежноста на Основниот суд Скопје 2  да постапува по предметот за „Маѓар телеком“.

Во судницата денеска беше присутен тужениот Богоевски со своите адвокати, додека Ахмети и Џафери и овојпат не се појавија и нив ги претставуваа нивните адвокати.

Адвокатите на Богоевски истакнаа дека Основниот суд Скопје 2 не може да биде надлежен за овој предмет, бидејќи изјавата за која Ахмети и Џафери го тужат Богоевски, тој ја дал како сведок во судска постапка што се води во друга држава, односно во САД, и дека изјавата е дадена во американската амбасада во Скопје која, според принципот на екстериторијалност, не е македонска територија, туку на САД.

Адвокатите, исто така, посочија дека во ниту еден закон или меѓународен договор не е изрично определено кој суд во земјата би бил надлежен за постапување по ваков предмет.

Полномошниците на Ахмети и на Џафери рекоа дека приговорот за ненадлежност на судот е неоснован и тврдеа дека изјавата Богоевски не ја дал во американската амбасада, туку повикувајќи се на информации објавени во медиумите, таа била дадена во адвокатска канцеларија во Скопје, во присуство на адвокат, преведувач и на нотар.

Судот одлучи расправата околу оспорената надлежност да продолжи, а адвокатите на Ахмети и на Џафери ги задолжи на следното рочиште, кое е закажано за 25 мај, да ги донесат како сведоци адвокатот, преведувачот и нотарот пред кои, како што тврдат, Богоевски ја дал изјавата.

Инаку, како што потврди и самиот Богоевски, на 7 мај во Њујорк треба да биде познат исходот од судскиот процес што американските органи, односно Комисијата за хартии од вредност на САД, ја водат против тројца поранешни директори на „Маѓар телеком“, а во кој сведок е поранешниот директор на УБК, Богоевски.

По завршувањето на денешното рочиште, Богоевски рече дека судскиот процес за случајот „Маѓар телеком“ во САД е во завршна фаза и во мај треба да се појави како сведок во судот.

Коментирајќи ја тужбата на Ахмети и на Џафери, тој рече дека нејзината цел е двајцата тужители да се оправдаат пред електоратот и е нивни обид за притисок врз него да не сведочи пред американските правосудни органи за „Маѓар телеком“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...