fbpx

Судот им забрани на 4 професори осомничени во „Еразмус“ да одат на работа

-

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им забрани на четворица професири од Економскиот факулет во Скопје, осомничени во случајот „Еразмус“, да одат на работа и да држат предавања на Економскиот факултет во Скопје.

Вчера пред судија на претходна постапка беа повикани шестмината осомничени професори во „Еразмус“ со нивните адвокати за да се произнесат по барањето на јавната обвинителка Лидија Раичевиќ.

Како што соопштија денеска од Основниот суд Скопје 1, обвинителката Раичевиќ за двајца од осомничените го повлекла предлогот да им биде одредена ваква мерка на претпазливост. За другите четворица, меѓу кои е и поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, судијата на претходна постапка по разгледувањето на предлогот донел одлука да го прифати барањето на обвинителката.

„Во текот на сослушувањето, обвинителот за две лица го повлече прелогот за опредлување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините поради кои е поднесен предлогот за другите четири лица, судијата на претходна постапка донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определи мерка за претпазливост од член 146, став 1, точка 7 – забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, најдолго до правосилност на пресудата“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Осомничените имаат право на жалба на решението на судијата до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, вчера изјави дека побарала од судот на осомничените да им биде забрането да одат на работа, токму во овој момент, односно извесно време откако е отворена истражната постапка, бидејќи тоа ѝ го дозволува Законот за кривична постапка и дека е заради заштита на студентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...