Основниот граѓански суд Скопје донесе одлука со која се забранува најавениот штрајк на контролорите на летање што требаше да се одржи од 20 до 24 октомври.

Судот ја носи одлуката по претставка на раководството на М-НАВ, кое посочува дека штрајкот се најавува без да се исполни законската постапка за мирно решавање на колективни спорови и не се темели на конкретни барања од работен однос.

Од М-НАВ ја поздравуваат одлуката и нагласуваат дека целта е обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај.

Претходно синдикатот го најави штрајкот поради, како што наведоа, загрижувачката состојба во претпријатието и партиските вработувања.