Судот го одбил барањето на СЈО за претрес на системите во телекомуникациски оператор

-

Судија на претходна постапка го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори заради обезбедување податоци и докази во врска со телефонските броеви што биле цел на незаконското следење на комуникациите.

СЈО ваквата одлука ја обжалило до Кривичниот совет, но и оттаму, информираат од Специјалното јавно обвинителство, била одбиена нивната жалба, а била уважена одлуката на судијата на претходна постапка. Образложението на Кривичниот совет било дека барањето на СЈО било нејасно, непрецизно и општо.

„Со решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, уважена е несогласноста која судијата на претходна постапка ја дал во врска со нашето барање за издавање наредба за пребарување компјутерски системи и компјутерски податоци. Во образложението, Кривичниот совет наведува дека наредбата е нејасна, непрецизна и општа и дека не е наведено прецизно одреденото место или опис каде ќе се изврши претресот, без да биде наведена адресата, конкретниот сектор или оддел во компанијата, ниту е наведен конкретен опис на видот и на карактерот на уредите – компјутери“, стои во соопштението од Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО велат дека ќе постапат по забелешките на судот и веќе упатиле барање до телекомуникацискиот оператор да им ги обезбеди податоците што, според судот, се неопходни за да биде издадена наредба за пребарување во компјутерските системи и податоци.

„Појаснуваме дека во барањето за издавање наредба за претрес наведен е називот на системите, односно носителите на податоци, наведено е конкретно кои податоци се бараат и од кој телекомуникациски оператор конкретно. Сепак, во насока на постапување по забелешките на судот, упатено е барање до телекомуникацискиот оператор за итно обезбедување на податоците кои, според наоѓањето на судот, се неопходни за издавање наредба за пребарување на компјутерски систем и на компјутерски податоци“, се додава во соопштението на СЈО, во кое не е наведено конкретно за кој телекомуникацискиот оператор станува збор.

По објавите на социјалните мрежи дека телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ е тој што не ги доставил податоците до СЈО, во понеделеникот неделава реагираа од компанијата, од каде тврдат дека навремено одговориле на сите барања на Специјалното јавно обвинителство и дека остануваат отворени за понатамошна соработка со надлежните органи.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...