fbpx

Судири меѓу демонстранти и полиција во Северна Дакота поради изградбата на нафтовод

-

Синоќа избувнал судир меѓу полицијата и демонстрантите во близина на нафтовод во изградба во американската сојузна држава Северна Дакота, во моментот кога демонстрантите се обидувале да го поминат мостот на државниот пат кој е блокиран од октомври годинава.

Според процените на канцеларијата на шерифот на округот Мортон, околу 400 демонстранти се обиделе да го поминат мостот, јавуваат светските агенции. Полицијата направила кордон за да ги спречи демонстрантите, а најмалку едно е лице е приведено. Според снимките на еден од демонстрантите, полицијата во потиснувањето на групата користела водени топови и солзавец.

Нафтоводот долг речиси 2.000 километри, поминува низ четири сојузни држави на САД, а се гради за да пренесува нафта од Северна Дакота до државата Илиноис. Против неговата изградба со месеци се бунтуваат припадниците на индијанското племе Сијукси Стендинг Рок, чиј резерват се наоѓа во близина на рутата на нафтоводот. Тие се плашат дека истекувањето од нафтоводот би можело да ја загади питката вода и да ги загрози нивните свети места.

Судирот меѓу полицијата и демонстрантите се случил во местото Кенон Бол, кај мостот Беквотер, во близина на местото каде демонстантите претходно поставија камп на приватен посед во сопственост на изведувачот на работите, компанијата „Енерџи трансфер партнерс“, од каде во октомври беа отстранети од полицијата.

Од компанијата, пак, навеле дека светите места не се загрозени и дека нафтоводот ќе биде обезбеден од евентуални истекувања, како и тоа дека станува збор за посигурен начин за превоз на нафта отколку со воз или со камиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...