Едно лице било повредено во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на патот кај виничкото село Истибања, пренесуваат медиумите.
Станува збор за судир на автомобил и на камион-цистерна, кој во незгодата се извртел и го блокирал патот.
Според информациите, повредениот возач на авотмобилот по несреќата бил пренесен во кочанската болница и е надвор од животна опасност.
Сообраќајот на патот кај Истибања бил во прекин неколку часа.