fbpx

Судењето за Слободан Богоевски одложено за 5 септември

-

Основниот суд Скопје 1 за 5 септември го одложи судењето по тужбата за клевета и за навреда на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Муса Џафери, против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за негово сведочење пред Окружниот суд во Њујорк.

На рочиштето бил сослушан нотарот пред кого Слободан Богоевски го дал сведочењето. Нотарот се повикал на доверливост и тајност на податоците кои биле изнесени во сведочењето, во согласност со етичкиот кодекс на нотарите.

– На ова рочиште се одлучуваше за месна и стварна надлежност на македонските судови и иако веќе половина година за тоа се одлучува, и денеска не се одлучи. Следното рочиште на 5 септември ќе биде подготвително рочиште и ќе се постапува по доказите – изјави адвокатот на Богоевски, Валентин Зафиров.

До следното рочиште судот треба да ги разгледа тезите на тужителите и на одбраната.

Во овој случај Али Ахмети и Муса Џафери го тужат за клевета и за навреда Богоевски и бараат отштета од 3 милиони денари, односно 2,5 милиони денари.

Слободан Богоевски пред окружниот суд во Њујорк изјави дека Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски, кој во тоа време беше премиер, од тогашните директори во „Маѓар телеком“ примиле поткуп од 2,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...