fbpx

Судењето за дедото на Тамара одложено за 14 февруари

-

Денешното рочиште за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, кој се обиде да го убие поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, е одложено бидејќи Апелацискиот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на Стојановски.

Судот до наредното рочиште, кое ќе се одржи на 14 февруари, од Министерството за правда треба да добие документ кој ќе потврди дали лиценците на вештаците се нови или се продолжени.

Судењето почна од почеток поради промена на судискиот состав. Адвокатката на обвинетиот, Павлина Зефиќ, рече дека останува на приговорот дека дедото на Тамара го вештачеле лица со истечени лиценци.

Стојановски на 1 јуни 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...