fbpx

Судењето по тужбата на Ахмети и на Џафери против Богоевски одложено за 27 јануари

-

Денешното рочиште од граѓанската парница меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот Муса Џафери против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, се одложи на барање на адвокатите на Слободан Богоевски.

На судењето беше присутен само тужениот Богоевски, додека тужителите Ахмети и Џафери не дојдоа и беа застапувани од нивните адвокати. Судењето предизвика голем интерес кај медиумите, а поради тесната судница дел од новинарите го следеа рочиштето надвор, пред влезната врата која беше оставена отворена.

Адвокатите на Богоевски пред судот истакнаа дека не биле испочитувани роковите за доставување писмен одговор од страна на тужениот во врска со наводите изнесени во тужбата.

Според нив, тој рок бил најмалку 15 дена, а најмногу 30 дена и сè уште не бил изминат, поради што побараа судот да одреди дополнителни 15 дена за да можат да дадат одговор на тужбата.

Ова наиде на реакција кај адвокатите на Ахмети и на Џафери, кои посочија дека Богоевски уредно ја примил тужбата на 7 октомври и ангажирал адвокати кои направиле увид во предметот.

– Правдањето дека немало покана од судот за писмен одговор на тужбата е несериозно – рече адвокатката на Ахмети.

Судијата го прифати барањето на адвокатите на Богоевски и следното рочиште го закажа за 27 јанури следната година.

Инаку во Основниот суд Скопје 2 се водат два предмети во кои Ахмети и Џафери го тужат Богоевски за изнесените тврдења во исказот пред американските органи за случајот „Маѓар телеком“.

Ахмети бара отштета од Богоевски од 3 милиони денари, а Џафери од 2,5 милиони денари.

Богоевски по завршувањето на денешното рочиште изјави дека целта на целиот процес против него е Ахмети и Џафери да издејствуваат пресуда која потоа би ја користеле во постапката што се води пред правосудните органи во САД и во нашето македонско обвинителство за организиран криминал.

Богоевски, исто така, напомена дека тужбата против него е влијание врз сведок во постапка што е веќе отворена и претставува кривично дело. Инаку тужбата против Богиевски е поднесена во декември минатата година.

Тој и неговите адвокати напоменаа дека тоа што судскиот процес против него е закажан пред избори, е обид на тужителите да извлечат корист во рамките на предизборието и во актуелната политичка состојба.

Одговарајќи на новинарско прашање кога ќе има епилог од постапката што се води во САД за случајот „Маѓар телеком“, Богоевски рече дека таа ќе биде на почетокот на мај следната година, додавајќи дека дотогаш тој нема да изнесува никакви детали околу неговото сведочење пред американските органи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...