fbpx

Судбината на киднапираниот Хрват сè уште непозната

-

Судбината на Хрватот Томислав Салопек, кој беше киднапиран во Каиро, сè уште не е позната и покрај интензивните напори на владите во Загреб и во Каиро да се реши тешката ситуација.

Египетските власти ја интензивирале потрагата по терористичката група што го киднапираше Салопек, па ги ангажирале хеликоптерите „апачи“, а безбедносните сили направиле претрес на неколку терористички упоришта.

Шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, по низа направени разговори со египетските официјални лица, се врати во Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...