fbpx

Субвенциите за странски туристи се зголемуваат од 25 на 65 евра

-

Субвенциите за привлекување странски туристи од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција, Шпанија се зголемуваат од 25 на 65 евра.

Зголемените субвенции за определени земји што ги дава Владата за привлекување странски туристи, ќе почнат да важат од 1 јануари 2016 година.

– Од 1 јануари 2016 година, ќе се зголемат субвенциите за привлекување странски туристи за поголем број земји, меѓу кои и земји од каде што постои сериозен потенцијал за привлекување туристи, не само во летниот, туку и за зимскиот период. Затоа ова е добра можност и за домашните туристички агенции да ги проучат сите овие можности и да ги проучат пазарите во земјите каде што доаѓа до зголемување на субвенциите и да стапат во контакти со партнери од истите овие земји за уште во текот на зимските одмори да се обезбедат туристи, кои ќе дојдат од странство во Македонија – истакна владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Државата дава различна сума субвенции за привлекување странски туристи и од Белгија, Холандија, Луксембург, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати, Кина, Индија, САД, Англија, Германија, Катар, Казахстан, Азербејџан и од други земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...