Студентски бунт во Србија: Илјадници протестираа пред платото на РТС

Десетици илјади студенти вечерва се собраа пред платото на Радио Телевизија Србија каде правејќи врева протестираа за тоа што медиумите под контрола на власта ги игнорираат и ги нарекуваат платеници. Велат дека нивните барања до српските власти не се исполнети

-

Десетина илјади студенти од факултетите низ Србија вечерва се собраа пред зградата на Радио Телевизија Србија (РТС) во Белград. Незадоволните студенти носеа транспаренти со пораки „Не го лажете дедо ми“, „Нè тепаа, нe се уапсени“. Како што објави српскиот дневен весник Данас, студентите беа и пред влезот на зградата во која се наоѓа студиото за Дневникот на РТС.

Вклучување во живо од протестот имаше и во самиот Дневник на националната српска телевизија, а репортерот од настанот ги прочита барањата на студентите и рече дека протестот се одвива мирно. За тоа време студентите скандира „Влегуваме внатре“.

Како што јавува репортерот на Данас, вработените на РТС ги поддржале студентите од терасата со вклучување на блицовите на нивните телефони. Во меѓувреме сè повеќе луѓе пристигнувале пред зградата во која е сместено студиото на РТС, а и пред самата телевизија.

Вработен во РТС излегол низ прозорецот и им покажал на студентите дека не се слушаат во преносот.

РТС во Дневникот објави дека студентите протестираат пред зградата на телевизијата бидејќи се „незадоволни од известувањето за протестите“. Студентите пред зградата извикува „Излезете надвор, исполнете ни ги барањата“ и „Кукавици“.

Во Србија во моментов блокирани се повеќе од 40 државни факултети, а од утрово се приклучија и Земјоделскиот факултет во Нови Сад и Педагошкиот факултет во Сомбор. Сите факултети во Нови Сад официјално се блокирани, откако и Факултет за спорт и физичко образование (ДИФ) се приклучи на блокадата по 13 часот денеска.

Студентите, како и секој ден, повторно им оддадоа почит на настраданите во трагедијата во Нови Сад, блокирајќи ги патиштата петнаесетина минути. Сите пленуми на белградските факултети кои се во блокада порачаа дека нивните барања не се исполнети, алудирајќи на синоќешната изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ги исполнил сите барања на студентите и дека сега може да завршат блокадите.

Вучиќ, пак, како одговор на бунтот на студентите поради смртта на 15 лица при падот на настрешницата во Нови Сад, им понуди на младите субвенции за кредити за стан.

Имено, како што најави Вучиќ, Србија планира да им го субвенционира учество во станбени кредити на младите. Тој откако вчера вети дека учеството за стан од 75.000 евра наместо 15.000 ќе изнесува само 2.250 евра, денеска се предомисли и преку видео на Инстаграм најави дека учеството ќе изнесува само 1.000 евра.

„Значи, тоа што треба да го дадете е 1.000 евра, со сите трошоци за обработка не може да надмине 1.400 евра, толку е. И станот е ваш“, рече Вучиќ.

Во меѓувреме владата во Србија почна да ги објавува документите за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад. Вучиќ исто така посочи дека со буџетот за 2025 година ги зголемил за 20 отсто средствата наменети за високообразовните институции.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...