fbpx

Студентската потрошувачка кошничка изнесува 22.435 денари месечно

-

Студентските месечни трошоци или „студентската кошничка“ изнесува 21.410 денари за студенти кои студираат со партиципација и 22.435 денари за студенти кои студираат со кофинансирање, односно кои плаќаат школарина.

Таа вклучува трошоци како партиципација, односно школарина, трошоци поврзани со факултетот, трошоци за секојдневен живот, трошоци за превоз, домување но и режиски трошоци.

Ова го покажуваат податоците од истражувањето „Колку и на што троши еден македонски студент?“ од страна на тим на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

„Студентскиот стандард е доста низок и финансиска состојба на студентите е навистина тешка. Најголемиот дел од нив живеат со родителите или старателите, кои се и најзначаен извор на финансии за студентите. На месечно ниво, за секојдневни трошоци, студентите располагаат просечно со 8.894 денари, износ кој за споредба, претставува 36,3 проценти од просечната месечна нето-плата од мај 2018, или 74,1 проценти од минималната месечна нето-плата во државата. Од овие средства, тие најмногу трошат на храна, алкохол и цигари, како и на хигиена и медицински производи. Најмалку трошат на културно-забавни настани, книги, списанија, весници или пак интернет-претплати“, се вели во истражувањето.

Студентите велат дека една од најдобрите опции за подобрување на нивниот стандард е можноста за платена студентска работа, која во моментов, системски, во државните институции не е препознаена, ниту пак се стимулира соработка со приватниот сектор. Воедно, како поволности кои би го олесниле студентскиот живот, студентите ги препознаваат и бесплатниот јавен превоз, но и картичките за субвенционирани цени за исхрана и билети за културни настани.

„Студентите детектирале повеќе фактори кои влијаат на висината на трошоците на студирање, како што се животните и културните навики на студентите, понатаму ефикасноста на студирањето, т.е. рокот во кој студентите ги завршуваат студиите, но и финансиската моќ на родителите односно економската состојба на семејствата. Дополнително, фактор кој влијае врз висината на трошоците е немањето критериум за финансирање во високото образование, особено поради фактот што различни универзитети имаат различен ценовник за административни трошоци“, се додава во истражувањето.

Истражувањето беше спроведено во периодот февруари – март 2018 година и истото опфати 945 студенти од пет државни универзитети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...