Студентите уште денеска може да ги продолжат билетите за 2021 година, од утре ќе има казни

Фото: Архива на Мета.мк

Сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз од утре, четврток, треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година бидејќи денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет, информираат од ЈСП Скопје.

Оттаму посочија дека во спротивно, во случај на линиска контрола, на студентите ќе им биде издаден записник (казна). Исто така, во замена на билет нема да се признаваат индекс, потврда за студент и слично.

Поради актуелната ситуација со ковид-19, ЈСП во два наврати го продолжи рокот наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март.