Студентите од државните студентски домови нема да плаќаат партиципација за првите 11 дена од март

Сите студенти кои користат легло во студентските домови во Скопје, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Гоце Делчев“ нема да плаќаат партиципација за сместувањето и исхраната во домовите за месец март 2020 година.

Оваа одлука ја донесе управниот одбор на Државниот студентски центар „Скопје“ и се однесува на периодот од 1 до 11 март, кога стапи и одлуката на Влада за затворање на студентските домови.

На студентите кои веќе ја платиле сумата за март ќе им бидат вратени паричните средства.