fbpx

Студентите најавија нови протести

-

Студентите се подготвени за нови протести доколку Министерството за образование не се откаже од идејата да воведе екстерно тестирање, вели Дарко Малиновски, активист на движењето „Студентски пленум“.

– Министерството треба да ја преиспита потребата за ваков испит, а не да дискутира за начините како тој да се воведе. Во спротивно, ние сме подготвени да излеземе повторно – вели Малиновски.

Во понеделникот, студентскиот протестен марш низ улиците на Скопје го поддржаа повеќе од 2.000 студенти. Меѓу нив беа и дел од професорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Студентите побараа повлекување на најавените измени на Законот за високо образование и ги оценија како противуставни и против автономноста на универзитетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...