Студентите на УКИМ да не ја плаќаат дополнителната сума од 3.500 денари – Форумот за образовни промени повика на бојкот

Форумот за образовни промени ги повикува студентите да го бојкотираат плаќањето на дополнителната сума од 3.500 денари „додека УКИМ не се соземе и не се откаже од ова“.

-

Форумот за образовни промени ја осуди одлуката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за воведување дополнителни трошоци за студентите во износ од 3.500 денари.

Претходно, студентите на Медицинскиот факултет при УКИМ го изразија своето незадоволство од воведувањето на новата давачка од 3.500 денари за „материјални ресурси“, за кои тврдат дека ги немаат.

„Форумот за образовни промени е згрозен од фактот што еден недоволно развиен универзитет, според сите мерења, без функционални услови за студирање, а уште помалку за одржување практична настава, како што е УКИМ, поради неспособноста да генерира финансиски средства, носи одлуки кои го оптоваруваат џебот на студентите и се однесува како да е универзитет од светски ранг“, се вели во реакцијата на Форумот.

Од таму велат дека, заедно со дополнителните трошоци и другите давачки кои се воведени за „финансиска експлоатација на студентите“, една академска година на овој универзитет достигнува сума блиска до 500 евра.

„Образложението на изнудувачите дека „дополнителната сума од 3.500 денари е за користење материјали за време на практичната настава“ не држи вода и претставува класична измама од страна на ситни џепароши“, велат од Форумот за образовни промени.

„Сè што е задолжително за студентите треба да им се обезбеди без да се бараат дополнителни средства од нив. Дополнително, кај повеќето предмети не се користат никакви материјали за практична настава, бидејќи повеќето лаборатории немаат услови, а практичната настава се претвора во предавања, со што на студентите им се ускратува правото на развој на практични вештини“, додаваат од таму.

Форумот за образовни промени ги повикува студентите да го бојкотираат плаќањето на дополнителната сума од 3.500 денари „додека УКИМ не се соземе и не се откаже од ова“.

„Го повторуваме нашето барање за бесплатно јавно образование, а до тогаш остро ќе се спротивставуваме на секој обид за злоупотреба на парите на студентите“, велат од Форумот за образовни промени.

АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на...