Студентите до четврток може да се пријават за Ораторската вечер „Иво Пухан“ на УКИМ

Економски факултет, УКИМ | Фото: Арбнора Мехмети

Студенти од сите три циклуси студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) најдоцна до четврток, 19 ноември 2020 година може електронски да се пријават за учество на 24. Ораторска вечер „Иво Пухан“, информираат од Организацискиот одбор на Ораторската вечер.

Пријавата треба да се испрати преку адресата [email protected] и истата да содржи име и презиме на кандидатот/ката, циклус, година и насока, како и единицата при УКИМ на која студира.

Годинава подготовката на кандидатите, како и финалната вечер во целост ќе бидат организирани онлајн преку платформата Microsoft Teams.