fbpx

Студентите денеска ќе решат дали ќе ги окупираат факултетите

-

Студентите денеска ќе го одржат седмиот пленум, на кој треба да одлучат дали ќе ги окупираат факултетите сè додека Владата не го исполни ветувањето дека ќе се повлечат измените на Законот за високо образование и да формираат работни групи со сите засегнати страни за изработка на нов закон за виско образование.

– На пленумот ќе се дискутира за тоа дали да се окупира универзитетот и одлуката ќе зависи од расположението на студентите. По ветувањето од Владата дека ќе се формираат работни средби од двете страни за носење нов закон за високо образование, сè уште нема конкретна најава за таква средба. Такви ветувања сме виделе и порано, но засега сè останува само на најава – рече Анастасија Петреска од „Студентски пленум“.

Студентите велат дека е време да креираат автономна зона и да го освојат универзитетот назад.

„Студенти, ние сме академски граѓани, ние сме биле и ќе бидеме цивилизирани! Повикуваме на мирно и фер однесување кон сите! Секој кој е дел од „Студенски пленум“ го знае и го почитува ова. Се оградуваме од какво било насилно однесување и од непочитување“, се вели на официјалната фејсбук-страница на „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...