fbpx

Студенти протестираат неколку дена пред истекот на рокот за соросовиот Универзитет да си замине од Унгарија

-

Оваа седмица е последниот рок по кој ќе се види дали Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ), приватниот универзитет основан во 1991 од страна на финансиерот и филантроп Џорџ Сорос, ќе остане во Унгарија, пишува „Глобал војсес“. Оваа институција, со седиште во Будимпешта од 1993, е во правна неизвесност уште од април 2017, кога унгарската влада ја усвои контроверзната измена на постоечките закони за високо образование во земјата.

Студентите се собраа да протестираат во саботата на 24 ноември и го окупираа главниот плоштад пред зградата на Парламентот во Будимпешта за да ја одбранат академската слобода во земјата.

Кон крајот на октомври, претседателот и ректор на ЦЕУ Мајкл Игнатиеф, изјави дека институцијата нема да ја чека владата до 1 јануари 2019 да го потпише документот со кој ќе се обезбеди местото на универзитетот како унгарско-американска академска институција во Унгарија. Наместо тоа, Централно-европскиот универзитет даде рок на унгарската влада до 1 декември 2018 и започна со воспоставување кампус во главниот град на соседна Австрија, Виена, каде што студентите од прва година би се префрлиле во академската 2019 година.

Универзитетот се подготвува да се исели во друга држава. „Универзитетот“ во случајов ги опфаќа сите засегнати од преселбата, вклучително и студентите, студентите на докторски студии, истражувачите, професорите и вработените од службата, од кои дел работат во ЦЕУ во Будимпешта повеќе од една деценија.

Разговорите кои се водат изминатиов период во унгарските академски кругови се во знакот на темата за академската слобода. Корвиновиот универзитет во Будимпешта се соочува со реформа со која би се организирале активностите на универзитетот според структура за правење профит, со што драстично би се намалил бројот на студенти стипендирани од државата. Истовремено, Катедрата за општествени науки при универзитетот ЕЛТЕ започна со штрајк и ја разгоре дискусијата за родови студии како резултат на затворањето на програмата. Покрај ова, унгарската Академија на науките се бори против намалувањата во буџетот кои се најавени од страна на унгарската влада.

Голем број студенти, истражувачи, професори и нивни поддржувачи излегоа на протест во саботата за да го свртат вниманието кон борбата за академската слобода во Унгарија. Според некои медиуми на протестот излегле илјадници луѓе а говорници биле претставници од ЕЛТЕ, Корвиновиот универзитет, ЦЕУ и унгарската Академија на Науките.

Говорниците го адресираа прашањето за академската слобода и законот од април 2017 кој го присилува ЦЕУ на егзил и повикаа на солидарност со работниците поради минатонеделната најава за нов закон кој ги изложува работните на експлоатација преку прекувремено работење. Се чини дека на списокот на проблематични регулативи во Унгарија му нема крај, а говорниците, од кои голем дел се општествени научници, ја критикуваа измената во Уставот со која се криминализира бездомништвото во земјата.

Говорниците и протестирачите ја искористија оваа можност да го искритикуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан заради доделувањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, бегалец од законот кој беше осуден во неговата земја на двегодишна казна затвор поради корупција.

Под мотото „Слободен универзитет“, студентското движење „Студентите за ЦЕУ“ (Students4CEU) го окупираше плоштадот Кошут пред Парламентот при крајот на саботниот протест. Студентите ја слават академската слобода со отворени предавања и проекции преку седмицата.

Окупацијата на плоштадот Кошут ќе заврши на 1 декември. Тогаш е и крајот на можноста за Централно-европскиот универзитет целосно да остане во Будимпешта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...