fbpx

Студент од Белгија направи дрон за брза помош

-

Во Холандија е претставен прототип на беспилотно амбулантно летало, кое во најкраток рок може да пренесе дефибрилатор до пациентите кои претрпеле срцев удар. Со своите шест пропелери, дронот може да постигне брзина од 100 километри на час, а  може самостојно да го избере правецот на движење, затоа што ќе одговара на итниот повик со помош на ГПС.

-Во Европска Унија, речиси 800.000 луѓе секоја година претрпуваат срцев удар, а само осум отсто од нив преживуваат – вели 23-годишниот Алек Момонт, белгиски студент на технички науки, кој го развил овој систем.

Потребата за амбулантниот дрон доаѓа оттаму што периодот кој е потребен за итните служби да стигнат до пациентите низ густиот сообраќај честопати е предолг. Времето на пристигнување на брзата помош изнесува, во просек, десет минути, а во ваквите ситуации, жртвите на срцев удар умираат за четири до шест минути, вели Момонт.

Тој истакнува дека леталото може да пренесе дефибрилатор за една минута во круг од 12 километри, со што шансите за преживување на пациентите се зголемуваат од осум на повеќе од 80 отсто. Кога дронот ќе стигне на своето одредиште, медицинскиот персонал може да им даде упатства на луѓето кои се наоѓаат покрај пациентот, со помош на камерата и на микрофонот кои се вградени на леталото.

Изумот веќе го привлекол вниманието на холандските итни медицински служби, а доколку дојде до сериско производство, еден ваков дрон би се продавал по цена од околу 15.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...