fbpx

СЦ „Билјанини извори“ – цел месец без електрично напојување

-

Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти и со паркиралиштата во Охрид – „Билјанини извори“, речиси есен месец е без електрично напојување. ЕВН ја исклучи струјата поради неплатен долг, кој надминува осум милиони денари. Во меѓувреме, електричното напојување повторно беше вклучено, но само на два дена, наменски, за Саемот за вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Без напојување се административните простории, големата спортска сала, но и помалите сали, во кои охриѓани, пред сè младите, тренираат разни спортови. Дел од нив сега се префрлени во слични приватни објекти, за што се издвојуваат значителни средства. Дел од наставата таму спроведувале и учениците од средното училиште „Ванчо Питошески“.
Директорот на „Билјанини извори“, Ристе Мишев, за охридското „Супер радио“ вели дека тие се немоќни нешто повеќе да направат, освен да алармираат и да молат за помош во локалната самоуправа и на повисоки инстанци.

– Сè што можевме да направиме, беше да испратиме писмен допис до УО на ЕВН, со молба и со предлог за долгот да го платиме на рати. За жал, сè уште немаме повратен одговор. Наследивме голем долг од поранешното раководство, така што е невозможно таа да се плати наеднаш – додава Мишев.

Мишев се пожали дека новото раководство сервисирало голем дел од долгот кон „ЕВН – Македонија“ за неплатени сметки за електрична енергија. Паралелно, морале да исплатат и пет заостанати плати и придонеси кон вработените, хонорари за управниот одбор, долгови кон други доверители, фантастично високи износи за ресторански услуги од стотици илјади денари и ред други сомнителни фактури, сè за претпријатието да се одржи во некаква кондиција.

СВР од Охрид, деновиве, поднесе кривична пријава за поранешниот директор и за други лица од раководството, како и за членови на управниот одбор, за предизвикана материјална штета и незаконско постапување, поврзано со концесионерството на јавните паркиралишта. Полицијата, за истиот случај, го обвинува и поранешниот градоначалник на Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...