fbpx

Стратум: За коалицијата на СДСМ и БЕСА два отсто повеќе гласачи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

-

Владејачката коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ и Движењето БЕСА би победила со тесна разлика од 2 отсто на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули, покажува најновото анкетно истражување на „Стратум Р&Д“. На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори на 15 јули?“, 25 отсто од испитаниците се определиле за коалицијата „Можеме“, додека 23 отсто би гласале за коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа анкета, ДУИ би освоила 7 отсто од гласовите, додека 5 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. За Левица би гласале 2 отсто од граѓаните, додека 1 отсто од испитаниците одговориле дека ќе го дадат нивниот глас за ДПА. Анкетата покажува дека 11 отсто од испитаниците не знаат, односно сѐ уште немаат одлучено за кого ќе гласаат. Истовремено, 16 отсто од граѓаните рекле дека нема да излезат на гласање, додека 10 отсто од анкетираните лица одбиле да одговорат на прашањето.

Позначајна разлика во корист на владејачката коалиција на СДСМ е добиена кај прашањето „Која партија сметате дека ќе победи на наредните избори?“. Дури 31 отсто од граѓаните сметаат дека тоа ќе биде коалицијата на СДСМ и Движењето БЕСА, додека 27 отсто од граѓаните одговориле дека тоа ќе е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, дури 71 отсто од нив изјавиле дека не се согласуваат оти Македонија е подготвена да избере кандидат за премиер на национална основа.

На претстојните избори сигурно ќе гласаат 44 отсто од испитаниците во анкетата изработена од „Стратум Р&Д“, додека опцијата „веројатно да“ ја избрале 27 отсто од анкетираните лица.

Анкетното истражување е спроведено во периодот од 1 до 6 јули 2020 година, на репрезентативен примерок од 900 испитаници од целата територија на земјата, распределени по 150 во секоја изборна единица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...