fbpx

Странците предлагаат нов закон за тајните служби

-

Работата на разузнавачките служби и на нивните вработени треба да биде регулирана со нов закон, бидејќи примената на актуелните законски решенија е на незадоволително ниво, поради што нема ефикасна контрола и надзор врз тајните служби. Ова го препорачале експерти од швајцарска организација за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), кои три месеци работеле заедно со пратениците, членови на собраниските комисии за контрола и за надзор на тајните служби, пренесува „Телма“.

Странските експерти предложиле да се спроведат обуки за пратеници за да можат поефикасно да ја вршат контролата на службите, како и да се направи безбедна соба во Собранието, каде ќе може да се расправа на теми кои вклучуваат и информации од доверлив карактер.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов, на денешната седница на комисии за надзор врз на работата на тајните служби и за надзор над следењето на комуникациуте, рече дека предлозите на странските експерти можат да се реализираат, но, според него, најголем проблем е ниската безбедносна култура.

– Во Република Македонија имаме проблем со ниското ниво на безбедносна култура, а тоа е случај и кај пратениците. Имаме проблем со ниското ниво на доверба што постои меѓу пратениците – рече Саздов.

Членовите на комисијата од опозицискиот СДСМ, пак, потсетија дека тие што требало да контролираат биле незаконски прислушувани, како што е случајот со поранешниот претседател на комисијата за надзор врз следењето на комуникациите, Тито Петковски.

– Човекот што во согласност со законот треба да врши надзор од евентуална злоупотреба на средствата за следење на комуникациите бил следен токму од Управата за безбедост и контраразузнавање. Целата моја комуникација со него, телефонските пораки, јавно потврдувам дека се точни – рече претседателот на Комисијата за надзор над следењето на комуникаиците, Горан Мисовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...