Во првите четири месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра, а во споредба со истиот период лани, кога изнесувале 98,44 милиони евра, има намалување за околу 2 милиони евра.
Во април, пак, во Македонија влегле 34 милиони евра, речиси исто колку и истиот месец лани.
Политичката криза која подолго време трае, меѓу другото, може да се одрази и со намалување на странските инвестиции во земјава, на што предупредуваат надлежните институции.