Странски инвестиции од 122,6 милиони евра во првото полугодие од годинава

-

Поголем одлив отколку прилив на странски капитал имало во земјава во второто тримесечје од годинава, кога зеде замав кризата предизвикана од корона вирусот. Според најновите податоци на Народната банка, во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра, како резултат на намалениот меѓукомпаниски долг за 78,6 милиони евра, при зголемени инвестиции во сопственички капитал и реинвестирање на добивката (за 48,3 и 21 милион евра, соодветно).

Во периодот јануари – јуни 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 122,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите врз основа на сопственички капитал и реинвестирање на добивката (68,9 милиони евра и 99,8 милиони евра, соодветно), во услови на нето-одливи врз основа на должнички инструменти за 46,1 милион евра.

Од Народната банка објаснуваат дека податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти.

Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските меѓу поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти, како и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субјекти.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...