fbpx

Стотина маскирани лица нападнале мигранти во Стокхолм

-

Стотина маскирани лица, за кои се претпоставува дека се членови на неонацистичка банда, синоќа извршиле повеќе напади на мигранти во Стокхолм, соопшти шведската полиција.

Полицијата го зајакна присуството во центарот на градот, распоредувајќи специјални и хеликоптерски единици откако дознала дека екстремисти планирале да ги нападнат малолетните мигранти без придружба.

Портпаролот на полицијата, Тове Хаг, рекол дека до попладне полицијата не примила никаква тужба за напад, но дека еден 46-годишен маж е уапсен затоа што нападнал полицајци во цивил.

Уште три лица се приведени поради загрозување на јавниот ред и мир, а едно лице е осомничено за носење нож.

Шведска е земја со најголем број мигранти по жител помеѓу земјите-членки на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...