fbpx

Стопанските комори доставија до Владата економски предлог мерки за спас на компаниите

-

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори (ССК) до Владата и официјално ги доставија заедничките барања за справување со ситуација настаната од појавата на корона вирусот. Четирите стопански комори со своите предлог економски мерки, оценуваат дека во вакви услови нема можност да се издвојат сектори кои се повеќе или помалку погодени, бидејќи сите бизниси директно или индиректно ги чувстуваат последиците од новонастанатата ситуација.

Барањата се групирани во пет сета, а дописот е адресиран до вицепремиерката Мила Царовска. Се бараат: даночни олеснувања, субвенционирање на платите за сите вработени додека траат превентивните мерки, субвенции на трошоците на компаниите за бруто плати за сите кои се отсутни од работа, хронично болните и родители на деца помлади од 10 години, исплаќање на нето плати без придонеси, без да се блокираат сметките и без казни за работодавачите ако некоја фирма не може да исплати цела плата и намалување на придонесите за сите вработени од најмалку 50 отсто додека трае кризата, поради намален ефективен фонд на часови.

Според коморите, вработените кои ќе бидат дома и во самоизолација треба да имаат третман на болни и да бидат платени од Фондот на здравство за период од еден месец, а потоа да се дејствува согласно ситуацијата.

Во однос на даноците, коморите посочуваат дека бизнис секторот бара одложување на даночните обврски во секторите и фирмите погодени од корона вирусот, концесиите кон државата да бидат намалени додека трае кризата, мораториум на месечните аконтации за данок на добивка и обврските за ДДВ за време на кризата, субвенционирање на персоналниот данок и данок на личен доход за сите вработени, намалување на данок на личен доход за период од три месеци, а повратот на ДДВ да се врши со засилена динамика.

Во дописот се бара и намалување на акцизата за нафтени деривати и на алкохолот до 50 отсто, плаќањата кон домашните компании да имаат приоритет, да се продолжат роковите за изведба на потпишаните договори, да се намали комуналната такса, како и пристапот до финансии и дефинирање посебни мерки за секторите што се  од посебно значење.

За ланецот на снабдување со течни горива и фармацевската и хемиската индустрија се бара план за зачувување на функционалноста на снабдувањето.

„Да се преземат итни мерки за функционирање на ланецот на супермаркети, да не се плаќа туристичка такса, да нема трошоци за ЗАМП, а субвенциите за странските гости да се пренаменат кон домашните хотели. Да се обезбеди поддршка за намалување на штетите од секторот „игри на среќа“, односно 100 проценти ослободување од вкупните придонеси за плати за април, 50 отсто ослободување од персоналниот данок за кирии за месец март и да има 100 проценти осолободување од персоналниот данок за кирии за април“, пишува во дописот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вели дека, не може да се очекува никој да не биде оштетен во текот на расчистувањето на состојбите. „Степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив треба да бидат избалансирани и со упорни преговори да се приближуваат ставовите. Искуствата од досегашните кризи низ кои сме поминале зборуваат дека мора да се спасат компаниите зашто со тоа се спасува државата. Сведоци сме дека во целиот свет се истураат милиони и милијарди за спас на компаниите и затоа ја охрабруваме Владата тоа да го има предвид. Но, и компаниите мора да бидат реални во своите барања“, изјави Азески во интервју за МИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...