fbpx

Стопанска комора: Заглавените камиони на границите ги зголемуваат трошоците

-

Македонските компании се загрижени поради состојбата со заглавувањето на камионите на границата меѓу Србија и Хрватска, како и неможноста за влез во Србија.

– Блокадите на сите гранични премини помеѓу Србија и Хрватска дополнително ја усложнија состојбата, со што, практично, испораките кон Хрватска, Словенија и кон другите земји од Западна Европа се драстично намалени, доцнат, а се јавува и недостиг од транспортни возила зaшто огромен број од нив се веќе заглавени на некој граничен премин. Алтернативните патишта преку Србија и БИХ, каде дел од македонските компании се обидуваат да ги пренасочат возилата, се покажуваат како неефикасни, бидејќи тие имаат мала пропусна моќ, како и поради сложените бирократски процедури – велат од Стопанската комора.

Според нив, поради усложнувањето на состојбата, односно одлуката на Србија да оневозмози и транзит преку својата територија на стоки наменети за Хрватска, единствена алтернатива за транспорт кон Хрватска ќе биде преку Албанија, Косово и Црна Гора, што е исклучително скапа транспортна варијанта.

– Фрекфенцијата на испораките на земјоделско-прехранбените производи кон Хрватска и кон другите пазари во рамки на Унијата е голема (се товараат производи и на дневна основа), со што доколку наскоро не се најде начин за надминување на овој проблем, ќе се почувствуваат со сигурност негативни последици кај домашните компании. Кај голем дел од компаниите постои загриженост дека ќе им биде оневозможено исполнувањето на договорите кои ги имаат со своите деловни партнери. Затоа е неопходно што поскоро да се стават во функција двата клучни гранични премини, Бајаково и Хоргош, зашто во спротивно големи ќе бидат штетите не само за македонската, туку и за другите економии од регионот – додаваат од Стопанска комора.

Од Групацијата на транспортни услуги и шпедиција при Сојузот на стопански комори, предупредуваат дека дополнителните километри за возење и дополнителните дозволи за транспорт ќе паднат на товар на компаниите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...