Од Иницијативата „Стоп за Вардариште“ на социјалните мрежи објавија дека денеска од 15 до 18 часот ќе го блокираат мостот „Близнаци“, помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
View this post on Instagram
Активистите од институциите бараат да започне процес за конечно затворање на Вардариште, но и да се откријат и казнат сите кои досега предизвикуваат загадување со потпалување на пожари. Граѓаните бараат ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште, со цел да се стави крај на ваквите незаконски активности.
