fbpx

Столтенберг: Во интерес на НАТО и ЕУ е да има заеднички долгорочни решенија во регионот

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска се состана со претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Тема на нивниот разговор беше договорот за регистарски таблички меѓу Косово и Србија.

По средбата Столтенберг на Твитер соопшти дека во интерес на НАТО и ЕУ е да имаат заеднички долгорочни решенија во регионот. Тој во твитот нагласи дека КФОР ќе обезбеди безбедна средина и слобода на движење.

„Разговаравме со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во врска со договорот за деескалација на ситуацијата на северот на Косово. НАТО и КФОР продолжуваат да обезбедуваат безбедна средина и слобода на движење. НАТО и ЕУ имаат заеднички интерес за долгорочни политички решенија во регионот“ напиша Столтенберг.

Косово и Србија вчера постигнаа договор во Брисел за реципроцитет за регистарски таблички. Ова го соопшти специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

Според договореното, се очекува дека утре, 2 октомври до 16 часот, косовските Срби да ги тргнат барикадите, а косовската специјална единица РОСУ да се повлече од граничните премини Јариње и Брњак. Нив ќе ги заменат војниците на КФОР.

За време на преговорите, претставниците на Косово и Србија се договорија и дека наместо издавање на привремени регистарски таблички, за возилата од двете земји обострано ќе се лепат налепници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...