fbpx

Столтенберг: Руските напади во Сирија ги минираат мировните преговори

-

Руските воздушни напади во Сирија, на чија мета се претежно опозициските групи во Сирија, ги „минираат напорите за мирно решавање“ на конфликтот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Исто така, зајакнувањето на руското присуство, нејзините акции од воздух во Сирија влијаат на порастот на тензиите и на кршењето на турскиот воздушен простор – рече Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на Европската унија во Амстердам.

Тој додаде дека ситуацијата е предизвик за НАТО поради крешењето на воздушниот простор на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО рече дека значителното воено присуство на Русија во Сирија и на истокот на Средоземјето влијае на „стратешката рамнотежа“ во регионот.

– НАТО ги поддржува напорите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија – додаде Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...