fbpx

Столтенберг ја појасни процедурата за зачленување на Македонија во НАТО

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска по средбата со премиерот Зоран Заев, ја појасни процедурата за зачленување на Македонија во Алијансатa, пренесува МИА.

Успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство.

Столтенберг појасни дека на претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел, Македонија ќе добие покана за започнување на пристапните преговори со Алијансата.

– Уверен сум дека шефовите на држави и влади ќе ја поканат ПЈРМ да започне пристапни преговори, потоа неколку месеци ќе имаме пристапни преговори и доколку внатрешните процеси се финализирани во земјата, тогаш можете да се приклучите кон НАТО – рече генералниот секретар.

По заокружувањето на пристапните преговори ќе биде потпишан Протокол за пристапување кој потоа треба да биде ратификуван од парламентите на сите земји членки на НАТО. Овој процес на ратификација е тој што одзема најмногу време.

За Црна Гора, објасни тој, поканата за почеток на преговори била изададена во декември 2015, преговорите биле финализирани во март 2016, а потоа сите 28 земји членки го ратификувале Протоколот до јуни 2017.

Албанија и Хрватска, пак, беа поканети во април 2008, а се приклучија во април 2009, една година подоцна.

– Зборуваме за нешто како година и половина од поканата до полноправно членство, Но, штом го потпишеме Пристапниот протокол, што трае неколку месеци, три месеци за Црна Гора, тогаш земјата ќе биде поканета да учествува на сите средби на НАТО и ќе седи на маса и ќе биде дел од Советот на НАТО. Црна Гора почна да учествува во сите активности на НАТО во март 2016, само три месеци откако почнаа преговорите за членство – рече Столтенберг.

Тој посочи дека процесот може да оди многу брзо, но за тоа е неопходно да завршат сите процедури околу Договорот со Грција.

-Тоа значи дека потребните промени во Уставот треба да се направени и потоа можеме да ја поканиме земјата да пристапи под новото име, Република Северна Македонија. Навистина се надевам дека народот во вашата земја ќе ја зграпчи оваа прилика, ова е историска прилика – порача геренарлниот секретар на НАТО.

Доколку референдумот не успее Македонија, нема да може да стане членка на НАТО потсети Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...