Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да формира влада.
„Ова е чекор во вистинската насока и нешто што е правилно направено. Охрабрувам бргу да се формира новата влада, навремено да се изгласа во Собранието и конструктивно да се однесуваат сите партии. Тоа е важно за земјата да почне да се фокусира на реформите, кои ѝ се итно потребни. Апелирам да се продолжи со напорите за унапредување на евроатлантските аспирации на земјата“, стои во пишаната изјава на Столтенберг.