Семафорите на булеварот кој се наоѓа на периферијата на градот не беа пуштени во употреба сто дена, што претставуваше закана за безбедноста на сообраќајот | Фото: Порталб.мк

Сто дена откако беше пуштен во употреба реконструираниот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“, Град Скопје конечно ги стави во функција и семафорите на
булеварот кои се неопходни за нормално функцнионирање на сообраќајот, објави „Порталб.мк“.

„Возилата и пешаците во овој период беа загрозени бидејќи на раскрсницата на
булеварот се движеа на сите четири страни според „правилото на десната страна. Од тоа што го видовме на терен, со поставување на семафорите сообраќајот е стабилизиран“, се посочува во текстот на порталот на албански јазик.

Редакцијата на Порталб.мк во неколку наврати ги повикуваше надлежните да ги стават во употреба семафорите со цел да го поправат хаосот, кој беше предизвикан и да спречат евентуални сообраќајни незгоди каде возилата се движат со голема брзина.

Булеварот се наоѓа во северниот дел на Скопје и го поврзува делот на Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен и Чучер Сандево. Новиот булевар е широк 40 метри, со шест ленти од по три и пол метри. Од двете страни има велосипедски патеки широки по две и пол метри, како и пешачки патеки, простор за зеленило и зелена лента од двете страни на булеварот. Изграден е нов водовод и нова атмосферска и фекална канализација, како и ново осветлување од 140 столба.